Живеам во густо населен град и понекогаш тоа прави да се чувствувам отуѓено. Особено кога гледам како светот се обзема од страста за конзумирање. За да се справам со оваа фрагментација, во летните месеци се повлекувам во планините. Природата ми помага повторно да се поврзам со нештата коишто навистина се важни, што го олеснува чувството на изолација.
За мене, осаменоста е порта кон креативноста. Мојата уметност е одговор на социјалното отуѓување. Гледам како општеството се полни со нереди и хаос. Креативноста е процес кој е жив во сите нешта и се поврзува со длабоките човечки корени. Оваа еволуција, од слаб напредок кон правењето нешто подобро изискува трпение. Нам ни треба трпение и мора да ја спознаеме болката.
Тоа што го имаме е време и простор да ја употребиме креативноста и да станеме подобри. При работата со парчиња метал, јас го користам времето и просторот, минатото и иднината, сѐ што има во животот.
Селчук Јилмаз