Марк Гафи и Клер Џонсон успеале да се најдат еден со друг благодарение на нивните два најдобри другари – нивните кучиња-водичи.
Сѐ започнало кога еденден нивните лабрадори Венис и Род се засакале меѓу себе за време на една дресирачка сесија. Многу сакале да си играат заедо, и кога ќе дошло времето да си одат дома, срцата им биле скршени. Тогаш нивните сопственици Клер и Марк решиле да договорат редовни состаноци за нивните кучиња, не знаејќи кон што ќе водат овие состаноци на нивните кучиња-водичи.