Шокиран потрошувач го снимил моментот кога група купувачи почнале да се борат помеѓу себе на подот на супермаркет, грабајќи се за храна на попуст. 32-годишниот Џони Лестер ги снимил вознемирувачките сцени кои се одвивале во продавницата Теско Екстра во Нортамптон, Англија, по понудата на пилешко и шницли по пониска цена.
Вџашен, Лестер ги снимил возрасните мажи и жени како се туркаат и удираа едни со други во обид да се дограбат до поефтината храна, при што некои од нив се нашле и на сите четири на подот.
Не можете ни да се приближите до вагата. Очигледно ова се случува секоја ноќ. На видеото можете да видите мало девојчи и јас во тој миг си помислив, ако ова ескалира, таа ќе биде повредена.
Во мешаницата беа вклучени многу луѓе, но многу купувачи стоеја од страна доста збунети од тоа што се случува пред нив. Тие буквално се качуваа едни врз други и се туркаа само за да добијат ефтино пилешко. Беше како во сцени кои би ги виделе во некој бегалски камп во Африка, а не во Британија во 21. век. Мислам дека Теско би требало да најде поинаков начин за ова и дека купувачите треба да имаат малку подобри манири.
Луѓето од Теско изјавуваат дека го испитуваат инцидентот во нивна продавница во Нортамптон.