Сите сме слушнале за невообичаените „капсулни хотели“ во ЈАпонија, но интимните фотографии на Вон Ким ни даваат личен увид на едно друго место со мали простории – скриен хотел во Токио кој бил дизајниран како гостинска куќа за патниците со ограничен буџет.
Ким налетал на овој хотел кога патувал низ Јапонија, и две години подоцна се вратил да го фотографира. Тој во него престојувал неколку месеци, спријателувајќи се со луѓето коишто престојуваат во него, фотографирајќи ги малите простории кои наликуваат на утроба, кои ги нарекуваат дом. Целиот хотел е сместен на еден кат во деловна зграда во североисточен Токио. Некои од станарите во него престојуваат на кратко, додека други се постојани жители.
„За мене најинтересни се портретите кадешто се гледа како секој од жителите успеал да искористи толку мал, задушлив простор“, пишува Ким. „Во секој поединечен случај, остро дефинираниот простор и содржината во него раскажуваат нешто за личноста на станарот, како и неговата или нејзината способност да функционира во толку чудна, затворена животна околина.“