Помогнете му на вашето дете да го постигне најдоброто од себеси со овие испробани и вистинити стратегии. Многу родители се уморни од тоа да им се истакнува колку современата технологија ги упропастува нивните деца.

Мајките и татковците од дигиталната ера се сосема свесни за растечката компетиција за вниманието на нивните деца, и тие со секое отворање на нова страница и со секој клик на глушецот се бомбардирани и со најсовремени идеи и со новооткриени грижи во врска со правилниот развој на нивните деца во ова денешно време.

deca1

Но, под површината на лудницата на ова наше совремие, основите на тоа како да се одгледа морално дете не се промениле многу. Родителите сакаат нивните деца да ги постигнат своите цели и да најдат среќа, но истражувачи од Харвард веруваат дека тоа не мора да се одрази на љубезноста и сочувството. Тие велат дека неколку испробани стратегии сепак остануваат најдобриот начин како да ги обликувате вашите деца во морално здрави луѓе со јасно определена цел пред себе. Еве шест практични совети:

1. Дружете се со вашите деца

deca2

Ова е основата за сѐ друго. Редовно минувајте време со вашите деца, поставувајте им отворени прашања за нив, за светот и како гледаат на него, и активно слушајте ги нивните одговори. Не само што ќе научите најразлични нешта за тоа што вашето дете го прави посебно, но исто така и од прва рака ќе им дадете пример како се покажува грижа за друго човечко суштество.

2. Ако ви значи, кажете го тоа гласно

deca3

Според истражувачите, дури и ако повеќето родители и старатели велат дека децата за кои се грижат им се од врвен приоритет, често децата не ја слушаат таа порака. Па така, погрижете се да го дознаат тоа. Па така тие ќе знаат дека тоа е нешто на што ќе треба да возвратат и да ја одржуваат таа доверба. Информирајте се кај нивните учители, тренери и другите просветни лица кои работат со вашите деца за тоа како им оди со тимската работа, соработката и општо земено со вклопувањето во нивната заедница.

3. Покажете му на вашето дете како да ги решава ситуациите

deca4

Активно спроведете ги вашите деца низ процесите на донесување одлуки кои можат да се одразат и на други луѓе. На пример, ако вашето дете сака да се откаже од некој спорт или друга активност, охрабрете го да го препознае изворот на проблемот и да размисли за неговата посветеност на тимот. Потоа помогнете му да согледа дали откажувањето навистина ќе го реши проблемот.

4. Помагањето и благодарноста нека ви бидат рутина

deca5

Истражувачите пишуваат: „Истражувањата покажуваат дека луѓето коишто повеќе искажуваат благодарност повеќе и помагаат, повеликодушни се, сочувствителни и полесно простуваат – а тоа ги прави поздрави и посреќни.“ Затоа е добро родителите да ги поттикнуваат своите деца да им помагаат на браќата и сестрите, како и на другарчињата, и често да искажуваат благодарност. А кога станува збор за наградувањето на доброто однесување, истражувачите препорачуваат да се пофалуваат само невообичаените чинови на добрина.

5. Контролирајте ги деструктивните чувства на вашето дете

deca6

Способноста за грижа за другите често е потисната од чувства како гневот, срамот, зависта и други негативни чувства. Помагањето децата да ги препознаат и именуваат овие чувства, а потоа да ги водите кон безбедно разрешување на конфликтот, долгорочно гледано ќе им помогне многу да се развијат во фокусирана и грижлива личност. Важно е и да им поставите јасни и разумни граници за кои тие ќе разберат дека се поставени поради љубов и за нивно добро.

6. Покажете им ја на вашите деца поголемата слика

deca7

Речиси сите деца се соживуваат и се грижат за мал круг на луѓе кој ги опфаќа членовите на блиското семејство и пријателите. Трикот е во тоа да ги поттикнете да почнат да се грижат и за други луѓе коишто се социјално, културно и географски надвор од нивниот непосреден круг. Ова можете да го сторите така што ќе ги научите добро и внимателно да ги слушаат другите луѓе, да се обидат да се стават на нивно место, и да им посочувате такви примери во медиумите и забавните содржини.

Студијата завршува со следната порака за сите родители:

Одгледуваето на грижливо, етичко дете со почит отсекогаш било макотрпна работа. Но, тоа е нешто што сите ние можеме да го направиме. А ниедна работа не е поважна и не наградува толку многу како оваа.

Сподели на Facebook
пати видено