Леонардо ди сер Пјеро да Вични, попознат едноставно како Леонардо да Винчи (15. април 1452 – 2. мај 1519) бил италијански универзален човек и полимат. Тој бил скулптор, сликар, архитект, музичар, математичар, инженер, пронаоѓач, анатомист, геолог, картограф, ботаничар и писател. Тој на широко се смета за еден од најголемите сликари на сите времиња и можеби најразнобразната личност која живеела. Неговиот гениј, можеби и повеќе отколку што било кој би можел да си го замисли тоа, го отелотворува ренесансниот хуманистички идеал. Леонардо често се опишува како архетип за Ренесансниот Човек, човек со „неугаслива љубопитност“ и „трескавично инвентивна имагинација.
Според историчарот Хелен Гарднер, сеопфатноста и длабочината на неговите интересирања биле без преседан, „неговиот ум и личност на нас ни изгледаат како надчовечки, а самиот човек ни се чини мистериозен и далечен.“
Леонардо се прославил како сликар. Помеѓу неговите дела, најпознати се „Мона Лиза“ и „Тајната вечера“. За време на неговиот живот тој често го истакнувал својот восхит кон Архимед, кој му служел за пример. Угледувајќи се на него, тој отишол чекор подалеку, во технолошката генијалност и почнал да прави концепти за летачки машини, оклопни возила, концентрирање на сончевата енергија. Покрљј тоа направил значителни откритија во анатомијата, градското инженерство, оптиката, хидродинамиката, но своите откритија не ги објавил и тие не направиле директно влијание во подоцнежната наука.
Покрај фактот дека бил многу талентиран. неговиот гениј може да се согледа и преку читањето на некои од неговите најпознати мисли;
1. Сликањето е поезија која повеќе се гледа отколку што се чувствува, а поезијата е сликарство кое повеќе се чувствува отколку што се гледа.
2. Сликарот секое свое платно треба да го почне обојувајќи го целосно во црно, бидејќи сите нешта во природата се темни, освен кога ќе се изложат на светлина.
3. Штом еднаш ќе го вкусите летањето, засекогаш на земјата ќе чекорите со очите вперени кон небото, бидејќи сте биле таму, и секогаш ќе копнеете да се вратите.
4. Едноставноста е крајната софистицираност.
5. Учењето без желба го расипува помнењето, и не задржува ништо што внесува.
6. Одамна имам забележано дека луѓето кои постигнале нешто ретко седат и чекаат нешто да им се случи. Тие одат и им се случуваат на нештата.
7. Сликарот во својот ум и своите раце го има целиот универзум.
8. Ништо не го зајакнува авторитетот како тишината.
9. Ги сакам тие кои се насмевнуваат во неволја.
10. Човек не може да постигне помало или поголемо совршенство од совршенството на себеси.
11. Ништо не може да се сака или мрази пред да се разбере.
12. Најблагородното задоволство е радоста на разбирањето.
13. Јас од рана возраст ја отфрлив употребата на месо, и ќе дојде време кога луѓето како мене на убиството на животни ќе гледаат како на убиството на човек.
14. Како што добро поминатиот ден донесува мирен сон, така и добро употребениот животен век носи среќна смрт.
15. Ги сакам тие кои се смеат во неволја, кои наоѓаат сила во болката и кои стануваат храбри со самонабљудување. Работа на ситните души е да се соберат, но тие чиешто срце е силно и чијашто совест го одобрува нивното однесување, ќе си ги следат принципите до нивната смрт.
16. Уметноста никогаш не се завршува, таа само се напушта.
17. Ако си сам, целосно си припаѓаш на себеси. Ако си придружен од дури и само еден придружник, ти припаѓа само една половина од себеси или дури и помалку во согласност со промисленоста на придружникот, а ако имаш повеќе придружници, ќе западнеш уште подлабоко во истата мака.
18. Најголемата измама од која луѓето страдаат доаѓа од нивните сопствени мислења.
19. Спознавањето на сите нешта е возможно.
20. Учењето никогаш не го исцрпува умот.
21. Има три класи на луѓе: тие кои гледаат, тие кои гледаат кога ќе им се покаже и тие кои не гледаат.
22. Колку подлабоко е чувството, толку подлабока е болката.
23. Полесно е да се одолее на почеток отколку на крајот.
24. Бидејќи не можеш да правиш што сакаш, сакај тоа што можеш да правиш.
25. Мислев дека учам како да живеам, а јас само сум учел како да умрам.
26. Таму каде што духот не работи со раката, нема уметност.
27. Уметникот го гледа она што другите само бегло ќе го погледнат.
28. Времето останува доволно долго за оние кои го употребуваат.
29. Животот без љубов воопшто не е живот.
30. Разберете дека сѐ се поврзува со сѐ друго.