Луѓето со ниска самодоверба имаат обичај да наоѓаат изговор за сѐ што прават или не прават. Тоа е затоа што нивните мозоци им кажуваат лаги за тоа што можат, а што не можат да направат. Овие лажни изговори ги спречуваат да прават нешта кои се добри за нив, и да достигнат повисоки нивоа во нивните животи.
Да видиме некои од најчестите лаги кои нашите мозоци ни ги кажуваат:
1. Другите умеат подобро од мене
Луѓето кои се плашат да обидат да станат успешни тежнеат кон тоа да мислат дека другите се подобри од нив. Тоа не само што е лага, туку и ги спречува да се обидат да подобрат нешто во своите животи. На пример, човекот со ниска самодоверба нема да појде на интервју бидејќи тојтаа ќе мисли дека никогаш нема да добие добра работа бидејќи има многу други кои ќе се борат за неа. Но тоа не е вистина. Секој човек на Земјата ги има истите основни шанси и предиспозиции во животот како и сите други. Тоа што ја прави разликата помеѓу успех и неуспех е вложениот напор, внимание и труд.
2. Не можам да живеам без љубовта на мојот живот
Луѓето кои не можат да најдат среќа самите за себе, не можат да бидат среќни со никој друг. Тие се зависни од другите, не од чиста љубов, туку поради тоа што не можат да се сакаат себеси такви какви што се. Кога ќе се засакаат себеси, тогаш ќе разберат дека, пред сѐ, треба да научат самите да бидат среќни, а дури тогаш ќе можат да создаваат врска која исполнува.
4. Нема смисла да се мачам
Ако се обидете, постои можност дека нема да успеете. Ако престанете да се обидувате, веќе со сигурност не сте успеале. Единственото нешто кое ќе го успеете со постојаното откажување е да се претворите во тажни личности. Од друга страна, поразот и неуспехот се нешто сосема природно. Не заборавајте ги вашите цели – ако лесно се постигнуваа, немаше да бидат наречени „цели“. Како што кажал Семјуел Бекет: „Обиди се повторно. Пак падни. Падни подобро.“
5. Предоцна е
Всушност, никогаш за ништо не е предоцна. Секогаш можете да најдете нова работа, да засакате нова личност или да почнете ново хоби, без оглед на вашата возраст. Само треба да ја имате храброста да увидите дека секој добива шанса да се обиде повторно, и повторно. Животот никогаш не завршува, сѐ додека навистина не заврши.
6. Од мене не бива ништо
Не, не е така. Никој не е бесполезен. Луѓето едноставно се различни. Имаат различни силни и слаби страни. Можеби сте способни да правите нешта кои другите не можат ни да си ги замислат. Само треба да верувате во себеси и да го најдете тоа нешто во вас. Тогаш ќе почнете да станувате подобра личност, со доверба во себе.