Носењето на исламскиот хиџаб е задолжително за жените во Иран, и во текот на 2014 година, иранската полиција за чување на моралот предупредила, казнила или уапсила 3.6 милиони жени поради несоодветно облекување. Масих Алинеџад, иранска новинарка и активистка која живее во САД, сака да го промени ова, и почнала да ги поканува иранските жени да праќаат свои фотографии на кои се гледа како слободно уживаат со своите пуштени и непокриени коси.
Алинеџад прекрасно ги искажува своите ставови во едно интервју за Вокс: „Мајка ми сака да носи шамија. Јас не сакам да носам шамија. Иран треба да биде место и за двете нас.“