Старите градски автобуси во Хаваи ќе бидат преуредени во засолништа за бездомниците, доколку успеат заложбите на архитектонската фирма Group 70 International. Возилата ќе оперираат во група, и ќе бидат групирани за различни цели; некои од нив ќе бидат преуредени во простории за живеење, а други во рекреативни простори.
Меј Рај Ким од Group 70 International за Хаваи Њуз изјавил дека дизајнот е „заснован врз претпоставката дека би можеле да појдете во железара, да купите сѐ што ви треба со едно одење и сѐ да изградите без никакви претходни занаетчиски познавања“, за сето тоа да биде изградено од тим сочинет од необучени волонтери.
Волонтерксата организација ЛИФТ, која помага да се изведе проектот, се надева дека ова лето ќе успее да преуреди по еден автобус неделно. Ќе се донираат седумдесет автобуси и сиот материјал потребен за оваа хумана акција.