Јас сум Даниел Бритон, автор на фонтот „Dyslexic Typeface“. Отсекогаш мислев дека ова е силно уметничко дело, но немав претстава дека за толку кратко време ќе добие толкаво внимание.
Самиот проект е посветен на создавањето свест за дислексијата, и го започнав за време на моето студирање, по сопствена иницијатива. Јас самиот сум дислектичен и посветив извесно време на истражувањето во врска со дислексијата. Главниот проблем е дека тоа е лошо разбрана тема, и не постои вистинско разбирање за оваа здравствена состојба.
Сиот постоечки материјал бил и сѐ уште многу површен, и не прикажува никакви чувства, па затоа јас решив да им покажам на луѓето како изгледа читањето со дислексија, да им помогнам да се стават на наше место.