Научниците откриле дека свињите се поумни од кучињата и се интелегентни речиси како шимпанзата. Студијата, објавена во Меѓународниот журнал за компаративна психологија, е обид да се прикаже поинаквото лице на животните кои вообичаено ги гледаме како месо, велат авторите. Неуронаучникот Лори Марино од универзитетот Емори изјави за пресот:
„Докажавме дека свињите споделуваат когнитивни способности со други високо интелегентни суштества како кучињата, шимпанзата, слоновите, делфините, па дури и луѓето. Има добар научен доказ кој сугерира дека би требало да го преосмислиме нашиот однос со нив.“
Научниците стигнале до нивниот заклучок по долго истражување, со кое се дошло до заклучок дека свињите имаат одлична долготрајна меморија и се снаоѓаат во лавиринти како и други тестови кои вклучуваат лоцирање на предмети. Свињите исто така можат да го разберат и симболичкиот јазик и да научат сложени комбинации на симболи за дејства и предмети.
Нивната способност да се справуваат со сложени комбинации на симболи беше демонстрирана на почетокот на оваа година во видео објавено од Нокол вон Еберкоф од Берлин, Германија, на кое се гледа како нејзиното невообилчаено милениче може да изведува најразлични трикови. Истражувањето исто така докажува и дека свињите сакаат да си играат, исто како и кучињата. Свињите имаат сложени социјални животи и често учат едни од други и соработуваат помеѓу себе.