Започнав да сликам пред речиси две години, кога заборавив да ги понесам своите бои. Со мене имав неколку четки и хартија, па така едноствано ја брцнав мојата четка во пивото кое го пиев и почнав да си играм со забавниот нов медиум.
По промотивната турнеја со Новата Холандска Пивница во есента 2014, увидов дека би можел да ја комбинирам уметноста со пивото во кариера со полно работно време. Сега интервјуирам и изработувам портрети на некои од најинтересните луѓе во светот поврзани со пивото, вклучувајќи сопственици на барови, пивници, музичари, комедијанти, готвачи, земјоделци, како и мои колеги уметници.
Кајл Бајс, илустратор од Чикаго, САД