Водените топки наречени „Ooho!“ можеби наскоро ќе ги заменат токсичните пластични шишиња. Иако можеби изгледаат како нешто од футуристичен филм, топчињата имаат конкретна цел – да се борат против еден од најголемите загадувачи на природната средина.
Осумдесет отсто од пластичните шишиња за вода не се рециклираат. За овие водени топчиња кои би биле замена за пластичните шишиња се употребува готварската техника на сферификација, при што водата се капсулира во двојна желатинска мембрана. Техниката се состои во употреба на алгининска киселина (Е-401) од кафеави алги и калциум хлорид (Е-509) во точни пропорции со цел да се создаде надворешна желификација на течноста. Крајниот производ е едноставен, ефтин (2 центи по топче), отпорен, хигиенски, биоразградлив, а дури може и да се јаде.