Добредојдовте во Шани Шингнапур, индиското село во кое нема врати. Има околу 300 градби во него, вклучувајќи училишта и продавници, и на ниедна од нив нема врати ниту брави или катанци. Целото село е заштитено од Бог, и тоа навистина функционира во ова местенце во кое не се случуваат никакви злосторства.

Село без врати

sh01

Никој во ова село нема врати во својот дом, и веројатно никогаш нема ни да има. Поставувањето врати целосно оди во спротивност со религискиот систем благодарение на кој селото функционира. Не ви требаат врати кога имате вера.

Шани

sh02

Шани, Богот на Сатурн, го штити селото. Пред многу години, на локалниот брег допловил камен. Кога го проболе каменот, тој прокрварил. Ова е храм посветен на Шани.

Големиот идол

sh03

Богот Шани се појавил ноќе на сон, објаснувајќи дека каменот е идол. Идолот е толку моќен што не му е потребно никакво засолниште. Во тоа време Шани ги уверил селаните дека никогаш повеќе нема да им требаат врати. Тој секогаш ќе ги штити од опасност. Каменот е сѐ уште тука, опкружен со светилиште, и сѐ уште се наоѓа на отворено.

Отворено за секого

sh04

Повеќето влезови се само рамки, но некои јавни тоалети сепак имаат завеси преку нив, што е сосема разбирливо.

Крај секој влез има дрвени палети, на кои можете да тропнете пред да влезете. Некои едноставно ќе викнат, и домаќинот ќе излезе. Патем, свастиката не е знак дека го обожуваат Хитлер.

Без страв

sh05

Никој ниту ги крие, ниту ги заклучува своите вредни работи. Нема потреба од такво нешто. Луѓето си ги оставаат нивните сопствености каде и да било и не кријат ништо од никого.

Без криминалВо селото има околу 5000 жители и во текот на 150 години не се случило апсолутно никакво злосторство.

Табу

sh06

Во ова село не смее да се краде. Или барем така раскажува легендата, според која ако украдете, никогаш нема да можете да го напуштите селото. Не смеете да направите никаков грев, бидејќи тоа значи дека ќе претрпите Саде Сати – седум години несреќа.

Посетители

sh07

Остатокот од светот почнал да дознава за ова село во текот на деведесеттите. Денес десетици илјади секојдневно го посетуваат селото. Некои од нив сепак успеале да донесат криминал во ова прекрасно место.

Расипаниот свет

sh08

Првото злосторство се случило во 2010 година, кога биле украдени вредни работи од автомобилот на еден турист. Во 2011 бил ограбен служител во локалниот храм и оттогаш се случиле неколку други злосторства.

Отклучена банка

sh09

Обединетата комерцијална банка својот прв отклучен огранок го отворила во 2011 во ова село. Тоа било прекршување на индискиот закон со кој се регулира безбедноста на банките. Ете, дури и банките немаат врати ни катанци, секогаш стојат отворени.

Селото

sh10

Шани Шингнапур се наоѓа во државата Махараштра, една од индиските држави со најголема стапка на криминал. Државата е трета по ред во поглед на криминал против жените и има една од највисоките стапки на убиства. Но, во селото заштитено од Шани, криминалот до неодамна практично беше еднаков на нула, додека насилството е сосема непознато.

sh11 sh12

Сподели на Facebook
пати видено