Оваа мала куќичка е наречена „Кутија за играчки“ и е дизајн на Френк Хендерсон и Пол Шулц. Има површина од 42 метри квадратни, и е поделена на дневна соба, спална, кујна и бања. Покрај тоа што е пренослива, при нејзиниот дизајн се земени предвид и некои еколошки стандарди.
Надворешноста е обоена со светли и весели бои.
Куќата може да се закачи како приколка, за лесен транспорт.
Белиот дел е термопластика, која е исклучително издржлива, како и отпорна на ултравиолетово зрачење и топлина. Ова помага во регулирањето на внатрешната температура без непотребно трошење на дополнителна енергија.
Околу основата е предвиден простор за засадување на растенија, има свој наводнувачки систем кој ја рециклира водата од мијалникот, па така градинарството е лесно и заштедува вода. Многуте прозорци и лизгачки врати овозможуваат проветрување и природно светло.
Ентериерот е елегантен и современ, и изгледа многу поголем отколку што навистина е.
Внатре, современиот дом содржи многу елементи за заштедување на просторот, како коцки за складирање кои можат да служат и заседење. Има и маса на склопување (под прозорецот), чијашто големина може да се менува за на неа да се сместат една или повеќе личности.
Во ѕидовите има дополнителен простор за складирање, а крајниот ѕид води до бањата со површина од 6 метри квадратни.
Над бањата се наоѓа поткровјето наменето за спиење, на коешто може да се смести голем душек.
Трите прозорци обезбедуваат природно светло и свеж воздух. Целата куќа е изолирана со стаклена волна, а исто така има и систем за подно греење, така што воопшто не мора да се грижите за годишните времиња.