Погледнете ја Џесамин Стенли, писателка и учителка по јога од Северна Каролина, САД, која се залага за позитивен став во животот.
Таа вежба јога уште од 2011 година и ужива да ги вдахновува нејзините 82.000 следбеници на Инстаграм со споделувањето на овие предизвикувачки јога пози.
Џесамин ги охрабрува позаоблените жени да вежбаат јога, без да се грижат за тоа како изгледаат.
„Цело време добивам имејли од луѓе кои велат, `Се грижам за тоа дека луѓето ќе зјапаат во мене`, и јас им велам, `Тие и навистина ќе зјапаат во тебе“, изјавила Стенли за Њујорк Магазин. „Тоа е реалноста. Живееме во општество кадешто сме истренирани да мислиме дека прекумерната тежина е нешто погрешно, па така луѓето ќе зјапаат во тебе, и ќе донесуваат суд. Единственото коешто можеш да го контролираш, е твојата реакција на тоа.“
Со хаштази како #curvyyoga, #plussizeyoga, многу жени со плус големина на Инстаграм ја споделуваат нивната љубов кон јогата.