Ако спасите нечиј живот, со таа личност се поврзувате до крајот на својот живот. Пожарникарите низ светот секој ден спасуваат нечиј живот, па така понекогаш е тешко да следат со кого сѐ се поврзани.
Мајк Хјуз е пожарникар кој во текот на неговата бурна кариера спасил бројни животи. Но, денес тој доби специјално признание од девојката која ја спасил пред седумнаесет години. Кога имала само девет месеци, Дониел Дејвидсон била спасена од пламените на запалената зграда од страна на Хјуз. Како знак на благодарност, таа го поканила сега веќе пензионираниот пожарникар на доделувањето дипломи по завршувањето на средно училиште, при што двајцата имале можност да споделат специјални мигови.
Гледајќи во статијата во весник од пред седумнаесет години кадешто се опишува несреќата и спасувањето, Дејвидсон вели: „Поради некоја причина, се чувствувам како тоа да не сум јас…Мислам, очигледно сум јас, но понекогаш е тешко да се поверува.“ Опишувајќи како се чувствува сега, после седумнаесет години, кога човекот кој ја спасил од сигурна смрт присуствува на нејзиното матурирање, таа вели: „Навистина емоционално! Не знам како да го опишам тоа…Ова се солзи радосници, бидејќи, кога ќе сфатите дека нешто можело да тргне наопаку.“
Хјуз вели: „На почетокот ѝ тргна малку тешко, но сега ете заврши и средно, успешна е и среќна, и мислам дека е совршена.“