Тоа е еден мал секс за човекот, но голем „стап“ за човештвото.
За само 3.4 милиони долари, можете да пратите две загорени порно ѕвезди да се изработат во вселената. Порнхаб, со нивната бесконечна мудрост, решија да станат првите кои ќе направат чекор во истражувањето на вселенскиот секс со нивниот порно филм „Сексплорација“.
И кој да ви ги оствари сништата за порно во вселената ако не… овој тип?
Всушност, не. Ѕвездите кои ќе се вивнат на седмото небо ќе бидат овие:
Ева Ловиа и Џони Синс веќе потпишале договор за проектот со кој ќе се прави порно во вселената, како што горделиво изјавува Синс.
Еве го планот:
Прво, Порнхаб ќе собере средства од нивните членови, волни да го финансираат проектот. Сексонаутите на Порнхаб ќе вежбаат шест месеци. Потоа ќе бидат пратени во вселената со комерцијален вселенски брод. Сексањето ќе започне при лансирањето на ракетата, а „лансирањето“ на ѕвездите ќе се случи кога ракетата ќе ја достигне максималната височина.
Еве графикон со кој се проценуваат трошоците потребни за изработка на вселенското порно.
Со оглед на тоа дека Порнхаб е мултимилијардерска индустрија, зошто им се потребни финансиери и донатори? Еве го дипломатскиот одговор на Порнхаб:
„Со проект од вакви интергалактички димензии, важно ни е и нашите членови да имаат можност да предложат како ќе се спроведе. Во Порнхаб се работи за заедницата, сочинета од огромна база на љубители кои знаат да бидат искрени. Токму затоа, има смисол да ги вклучиме и нашите членови во ова патување со Сексплорација.“
Доброволните прилози започнуваат со износ од 1 долар, но ако дадете 500 долари, порно ѕвездите ќе ви го изговорат името во вселената. А, ако имате да потрошите 150.000 долари, ќе добиете еден од двата вселенски костими кои порно ѕвездите ги носеле во вселената, веројатно со нивната долна облека.