Осумнаесетгодишната Кјема Мекентајер си го дизајнирала матурскиот фустан кој може да се опише секако, но не како типичен. Жителката на Њу Џерси, вдахновена од нејзиното афиканско културно наследство побарала од локална шивачка рачно да ѝ сошие фустан според нејзин дизајн. Мотивацијата за овој нејзин чекор ја објаснила на Инстаграм и Твитер:
„Имам осумнаесет години и несомнено имам африканско потекло. Како уметник имам сосема поинакво гледиште во споредба со други поединци. Јас сум исклучително аналитична личност и постојано набљудувам Ова е поради тоа што постојано ме квалификуваа како `грда` или `бесна`. Фала му на Бога, стереотипите се само мислења.“
Мекентајер била избрана за кралица на матурата, и наесен ќе се запише на Училиштето за дизајн – Парсонс во Њујорк.
Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.