Овие суштества кои наликуваат на вонземјани биле откриени од страна на Американскиот тим за истражување на океанот на морското дно во близина на Порторико и Девствените острови. Порториканската браза е најдлабоката бразда во Атлантскиот океан, достигајќи длабочини до 8800 метри и протегајќи се преку 800 километри.
„Неверојатно е што сѐ уште не сме биле таму, истражувајќи ги овие навистина големи длабочини“, изјавила Андреа Катрини, ко-водач на експедицијата. Деведесет и пет отсто од океанот е сѐ уште неистражен.
Многу од овие животни кои скитаат по морските длабочни се ретко видени, а некои сушстества се толку нови, што за нив сѐ уште нема има. Сто видови на риба, педесет видови на длабоководни корали и стотици без`рбетници биле забележани во текот на дванаесет нуркања.