Колекционерите на монети можат да бидат како грижливи и пребирливи кустоси, или пак такви кои ќе зграбат се што ќе најдат заборавено на каучот или на улица и веднаш ќе се стрчаат во банка или апарат за размена на монети за банкноти. Но овој човек од Флорида зел поинаков пристап кога започнал да собира ситни пари пред десет години. Рик Снајдер го зачувал секое париче што го нашол, па така до денес успеал да собере навистина пристојна сума.
Неговата посветеност му донела неверојатни 21.495 долари. И тој многу добро знае што ќе прави со нив.
Целиот износ ќе го донира за да помогне да се згрижат дивите мачки во неговото соседство. Снајдер со години негува пасија за овие мачки.
Вкупната тежина на собраната ситнина изнесува преку еден тон!
Снајдер ја собрал ситнината додека се трудел да се грижи за мачките. Се будел секое утро во четири часот и ги проверувал пералните за коли и автоматите барајќи заборавени парички. Неговата првична цел била да собере 10 000 долари, но сега кога собрал повеќе од двојно, сите пари ги дава на Заливската Лига за Животни. Оваа непрофитна организација целосно функционира благодарение на волонтери и донации како таа на Снајдер. Претседателот на организацијата Шерил Вејд признава дека ова е најголемата донација која ја примила од еден човек.
Изгледајте го ова видео за да видите како им е помогнато на мачињата со овој неверојатен чин на алтруизам.