Дипа Васудева Дас сакал животен стил кој ќе му овозможи да се движи низ светот по своја волја, и за тоа изнашол интересно решение.
Однадвор ова комбе може да ви донесе и неволји ако го паркирате на несоодветно место и таму се задржите подолго време.
Но кога Васудева Дас ја извадил внатрешноста…
…направил прозорец на покривот…
…и го обложил со прекрасно дрво во боја на мед…
…поранешниот студен и здодевен ентериер се трансформира во колиба на тркала – прекрасна за истражување на светот во боемски стил.
Ниедно живеалиште не е комплетно без мебел.
Дрводелските вештини на Васудева Дас најдобро се гледаат во ова новотрансформирано комбе, коешто содржи многу скриени оддели за складирање.
Има дури и маса со простор за седење кадешто ќе можете да се напиете чај со вашите пријатели.
Зад вратата во внатрешноста на комбето има мудро осмислен мијалник.
Со толку ограничен простор би си помислиле дека нема место за луксузи како печка…
…но би се излажале!
Сега Васудева Дас своите денови ги минува патувајќи низ Источна Европа во неговиот прекрасен подвижен дом.
А и на неговото куче му се допаѓа тоа.