Многумина од нас на животните гледаат како на суштества еднакви на луѓето, па така сосема природно е и тоа што и некои фотографи ги гледаат на тој начин. Винеснт Лагранж, фотограф од Антверп, Белгија, ја снимил човеката страна на животните, изработувајќи сериозни и достоинствени портрети во пози вообичаени за луѓето. Неговата фото серија е наречена „Човечко животно.“
„Се обидов да ги фотографирам животните како луѓе, отсликувајќи ги нивните чувства и карактеристики кои наликуваат на човечки“, вели Лагранж. И навистина, сериозното расположение на овие фотографии не поттикнува да ги проучиме лицата на животните и да се обидеме да ги прочитаме нивните изрази на лицето.
Легранж бил инспириран за оваа серија од неговата мачка Двизел. Разбирливо, најтешкиот дел од проектот било да се натераат животните да седат мирно додека да ги слика.