Љубовниците од целиот свет патуваат во Париз за да се сретнат на мостот Пон дез Ар, за да ја овековечат нивната љубов со овие љубовни катанци.
Париз е полн со историја и романса. Градските згради и структури го издржале тестот на времето и воените конфликти, а пократ тоа, главниот град на Франција е прославен како главниот град на романсата.
Една градба буквално ги премостува овие две гледни точки. Пон дез Ар, мост над реката Сена, е мост на кој се среќаваат љубовниците и на кој се одвива една многу особена традиција, којашто за жал се движи кон својот крај.
Катанците, кои симболизираат силна врска, традиционално се прицврстуваат на страните на мостот.
Почнувајќи од 2008 година, двојките ги заклучуваат катанците на страните на мостот и клучевите ги фрлаат во водите на Сена.
Но, поради тежината на катанците, делови од мостот почнале да се рушат во реката, што очигледно претставува безбедносен ризик. Многу од катанците се исечени и отстранети, но сепак останале илјадници.
Парижаните исто така сметаат дека огромната маса метал го нагрдува овој дел од нивниот град.
Градоначалникот Ан Хидалго и други претставници на градските власти се обидуваат да ги убедат туристите да прават селфи на мостот, без и тие да ставаат катанци.
Оваа седмица сите катанци ќе бидат отстранети. Досега се отстранети неверојатни 45 тони катанци. Градот експериментира со материјали кои би го спречиле поставувањето на катанци на мостот, а исто така работи и на поправањето на штетата предизвикани од нив.