Ако не можете да си уживате надвор без да ве напаѓаат комарци, не сте сами. Барем дваесет отсто од луѓето се попривлечни за досадните инсекти од најразлични причини, почнувајќи од бременост па сѐ до внесување на алкохол.

Зошто јас?

k01

Се наоѓате на излет и комарците не можат да ви се изнапијат од вашата слатка, врела крв. Но, вашите пријатели не ги ни забележуваат крилестите мали вампири. Е зошто така?

Повеќе јаглерод диоксид – повеќе касање

k02

Кога станува збор за тоа кој да биде каснат, во игра влегуваат повеќе чинители. Едниот од нив е количеството на јаглерод диоксид кој го издишува личноста. Досадните бубачки имаат детектори со помош на кои ги привлекува јаглеродот диоксид и кожата. Поголемите луѓе, повисоките луѓе и бремените жени издишуваат повеќе јаглерод диоксид и поради тоа комарците почесто ги касаат нив.

Бремените жени и комарците

k03

Всушност, има двојно поголема веројатност бремените жени да бидат каснати во споредба со другите. Ова е поврзано со количеството јаглерод диоксид кое го издишуваат кое 21 отсто поголемо од тие коишто не се во состојба на бременост, а исто така и со нивната телесна температура, којашто е за 1.26 степени повисока од просечната.

Пивото може да доведе до каснувања

k05

Отворањето на пиво во топол летен ден исто така може да ги повика комарците. Во едно истражување се открило дека само едно мало шише пиво може да ве направи попривлечни за комарците, но никој не е сигурен зошто. Првично, научниците претпоставувале дека зголеменото количество на етанол во потта на пијаот може да е причината за наклонетоста на комарците кон нив, но не била откриена никаква врска помеѓу каснувањата и количеството на етално.

Немојте да се потите

k06

Колку повеќе вежбате, толку повеќе сте потенцијална цел за комарците. Покрај надушувањето на јаглеродот диоксид, бубачките можат да го детектираат вкусниот амонијак во млечната и мочната киселина кои ги има во потта. Луѓето коишто редовно вежбаат имаат повеќе млечна киселина во нивните тела, што ги прави неодоливи на малите крвопијци. Вежбањето исто така ја зголемува и телесната температура, уште еден чинител кој придонесува за зголемената веројатност да ве касаат комарци.

Генетика

k07

Генетските предиспозиции исто така можат да бидат причина за тоа да бидете привлечни за комарците. Некои крвни групи, како нулта групата, се попривлечни за комарците. Покрај тоа, количеството на мочната киселина исто така е предодредено од ДНК. Севкупно земено, генетиката сочинува 85 отсто од тоа зошто некој е попривлечен за инсектите.

Комарците сакаат бактерии

k10

За да ги држите комарците на страна од вашите глуждови и стапала обидете се да ги измиете со антибактериски сапун. Едно истражување од 2011 открило дека со тоа значително се намалува бројот на каснувања. Причината за ова е фактот дека неколку видови на кожни бактерии се привлечни за комарците. Покрај тоа, бактериите придонесуваат и за миризбата на човечкото тело, која исто така ги привлекува.

Различни делови на телото

k11

Исто како што комарците претпочитаат различни луѓе, така претпочитаат и различни делови на телото. Некои видови комарци повеќе ги сакаат бактериите и мирисот на нашите раце и стапала, додека труги повеќе ги сакаат понедостапните места како меѓуножјето и пазувите.

Дали и некои бои се попривлечни за комарците

k12

Медицинскиот ентомолог Џејмс Деј сугерира дека бојата на облеката на човекот исто така може да влијае врз тоа колку ќе биде каснуван од комарци. Покрај миризбата, комарците се служат и со сетилото за вид да ја забележат жртвата, па така носењето на полесно забележливи бои исто така може да ве обележи како цел.

Кога станува збор за комарците, некои луѓе едноставно имаат среќа

k13

Исто како што некои луѓе лачат природни привлекувачки материи, посреќните поединци лачаат природни материи кои ги одбиваат комарците. Ротемстедската истражувачка група од Британија успеала да ги изолира тие хемиски супстанци со надеж дека еден ден ќе можат да се употребуваат во спреј со кој ќе можат да се заштитат растенијата и луѓето од овие напасници.

Сподели на Facebook
пати видено