Многу одамна пред појавата на GoPro камерите и пред приватните дронови да станат новите омилени играчки – еден Германец со претприемнички дух имал визија за иднината – но со гулаби.
Д-р Јулиус Нојбронер веќе бил популарен како фармацевт во Кронберг, Германија, кога истапил со неговиот креативен изум.
Првично тој користел тренирани гулаби за низ градот да ги разнесуваат лекарствата за неговите пациенти.
Но неговата страст кон пронаоѓањето и неговиот интерес за модерната технологија го навел да ја осовремени употребата на неговите гулаби.
Во 1907 изработил лесен преносен систем за камера од алуминиум кој со помош на нежна врвца од кожа се закачувал за неговите гулаби.
Камерата била со тајмер кој се нагодувал според растојанието кое требало да го помине гулабот
Иако имало мали несовршености, сепак системот функционирал. По промовирањето на повеќе меѓународни изложби во Германија и Франција во периодот од 1909 до 1911 овој систем станал многу популарен. Глетката како гулабите мирно и дисциплинирано летаат кон својата цел и назад била многу впечатлива. Нојбронер овие фотографии ги продавал како разгледници.
Но, европските армии се досетиле и за поинаква намена за овој негов пронајдок. Се разбира, за шпиунирање. Тие му пристапиле ветувајќи му зделка доколку неговите гулаби се покажат полезни за воена цел.
Гулабите биле ефикасни, но со развојот на авијацијата во текот на Првата светска војна, од нив едноставно немало потреба.
Така, сите пари кои Нојбронер ги инвестирал во развивањето на неговиот систем отишле за ништо, и тој продолжил со помош на нив да ги разнесува неговите лекарства.
По неуспехот со гулабите фотографи, тој основал компанија за производство на самолепливи ленти и ескпериментирал со раните филмски камери.
GoPro камера закачена на орел