Дали понекогаш сте посакале да патувате со мислата дека вашиот кревет секогаш ќе ви биде удобен и нема да имате проблем да заспиете поради промена на леглото, бидејќи ќе си легнете на – вашиот кревет? Дали сте посакале преселувањето да беше малку полесно и да не морате безброј пати да одите од старото кон новото место на живеење за да пренесете разни нешта? Австриската дизајнерска фирма Јуаст, предводена од дизајнерот Штефан Јуаст можеби го нашла решението за ова

Сега сѐ ќе можете да пренесете со многу малку труд

tb01

Како е возможно ова? Патничката кутија, како што е наречен овој изум, може да собере кревет, стол, маса, па дури и велосипед.

tb02

Сето ова го собира во една кутија на расклопување

tb03

Кутијата е долга два метри, широка половина метар и еден и пол метри висока. Тежи неверојатно лесни шеесет килограми и лесно може да се пренесе било каде.

tb04

Кога не се употребува за патување, Патничката кутија може да се употреби и како дел од постојаниот мебел во вашиот дом, особено со оглед на тоа што може да ви овозможи дополнителен простор за чување на вашата покуќнина.

 tb06 tb07

Сподели на Facebook
пати видено