Во Охрид случајно слетуваат марсовци. Ѕвонат на вратата на некој стан. Отвара мажот и целиот уплашен ја вика и жената да види дали нешто му се причинува. Откога утврдиле дека навистина се марсовци, решиле да пробаат да воспостават пријателски однос. Ги поканиле да влезат дома, се дружеле, вечерале и веќе станало доцна и требало да си легнат. Марсовецот му рекол на охриѓанецот:
– Ние на Марс кога имаме гости си ги менуваме жените за спиење.
Домаќинот малку се помислил, па си рекол зошто да не. Си ги смениле жените и си легнале да спијат.
Наредното утро кога станале, домаќинот охриѓанец малку намуртен, а жена му целата насмеана, ги испратиле марсовците. Кога влегле дома домаќинот ја прашува жената:
– Што си толку весела, како си помина сношти?
– Супер, ме праша само колкав сакаш да го направам, јас му реков 30 и тој си ги сврте ушите неколку пати и оп му порасна 30 сантиметри.
– Ахаааа, затоа онаа сношти цела вечер ми ги вртеше ушите…
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.