Да се каже дека Холанѓанецот Вим Хоф – „Ледениот Човек“ – е феномен би било премалку. Овој педесет и петгодишник направил нешта кои обичен човек едноставно не може да ги постигне. Неговите подвизи му донеле ни помалку ни повеќе туку 21 Гинисов рекорд.

Еден од најголемите предизвици со кој се соочил Хоф е да се нурне во блокови лед, при што издржал 1 час, 52 минути и 42 секунди! Но, како што признава тој, „најголемиот предизвик беше искачувањето на Еверест само по шорцеви“. Хоф не успеал да се искачи до врвот на највисоката планина во светот, но успеал да стигне до 7315 метри надморска височина, пред да се откаже поради повреда на стапалото, при што му останале уште 1524 метри до врвот.

Како му успева ова? Експертите откриле дека за време на длабоката медитација на која се подложува, мозокот на Хоф испраќа пораки до другите делови на телото да ја одржуваат температурата. Вообичаено кога луѓето ќе се обидат да прават вакви нешта, температурата на нивните тела би паднале до опасно ниски температури, но тој верува дека луѓето можат да ја контролираат телесната температура ако силно се сконцентрираат.

Со други зборови, ако не можете да пливате шеесет метри под санта лед носејќи само очила и пар шорцеви, тоа е затоа што не се трудите доволно.

Хоф медитира на снег во неговата родна Холандија

ice-1

Покрај шетањето гол по снежни планини, Хоф држи рекорд за истрчување на полн маратон во Намибиската пустина

ice-2

Хоф тврди тека температурата на свеото тело ја контролира со моќта на својот ум

ice-3

Тој вели: „Јас го избрав овој животен стил и затоа секој ден вежбам, каде и да се наоѓам.“

ice-4 ice-5 ice-6 ice-7 ice-8 ice-9 ice-10

Сподели на Facebook
пати видено