Пред две и пол години, тогаш шестгодишниот Кристијан МекФилами решил да ја пушти косата. На училиште го задевале и често го мислеле за девојче, но никогаш не се премислил бидејќи имал многу посебна цел – да подари 25 сантиметри од неговата коса за да се направат перики за децата кои се лекуваат од рак.
Кога имал шест години, МкФилами, кој живее во Флорида, бил инспириран од реклама на детската болница Ст. Џуд која ја видел на телевизија. “Некои луѓе се обидоа да ме наречат девојче“ изјавил МекФилами за Флорида Денес. Вели дека тоа направило да се почувствува „не многу добро“, но тоа никогаш не го спречило да ја заврши својата мисија и да ја донира својата коса за „Децата со загуба на косата“.
Кристијан МекФилами ги издржал задевањата цели две и пол години со цел да ја пушти косата доволно долга за неговата специјална цел.
Сакал да ја донира за перики за децата кои страдаат од рак.
Некои деца го задеваел и го нарекувале девојче кога ја виделе неговата коса.
Дури и возрасни се обиделе да го наговорат да се потстриже…
…но кога им ја објаснил неговата мисија, повеќето му се извиниле.
Задевањето направило Кристијан да се чувствува „не многу добро“, но тоа не го поколебало.
По две и пол години, неговите родители ја исекле неговата коса во четири репчиња од десет сантиметри и ја донирале за „Деца со загува на косата“, организација која прибира коса за изработка на перики за деца.
Кристијан е прекрасен пример за секој од нас!