Нов Зеланд е земја која повеќе е позната по сликовитите пејзажи во „Господарот на прстените“ отколку по активностите на криминалните банди, но токму оваа скриена темна страна ја истражува фотографот Џоно Ротман во неговата моќна серија на мафијашки портрети. Успеал да собере членови од најозлогласената Моќна Мафија на Мелезите, најголемата во земјата, и да ги седне да му позираат за портрети кои ќе ни прикажат еден свет кој за повеќето од нас е туѓ.
Запрашан како воопшто успеал да им пријде на гангстерите, Ротман објаснил: „Им кажав дека сакам да направам борбени портрети. А занете, без разлика каде ги гледате мафијашите во социјалната хиерархија, овие мажи се верни на своите принципи и се бореле во битки, понекогаш и до смрт“.