Ова е писмото и фотографиите што ги добивме од еден наш студент:
„Добив место во Студенски Дом „Гоце Делчев“ Скопје и еве што ме дочека кога на 15 септември 2014 отидов да се вселам. Сликите се од собата која ми ја дадоа и во која немаше никакви услови за живот. Од таванот течеше вода и на сите четири ѕидови имаше влага.
Пробав да побарам помош од Управиникот за Г блок, добив само препорака да одам кај директорката на „Студенски Центар“ Скопје. Од таму ми рекоа оди кај управникот, тој ќе го реши проблемот. Се вратив назад и нормално, не добив некое добро решение, требаше да чекам две недела за да се реновира собата, во период кој јас бев на факултет и немаше кај да седам. Тие две недели, ме тераа да одам од една на друга врата по сите врати во „Студенски Центар“ Скопје, па до Министерство за образование и наука. Од никаде не добив некаков одговор. Пробав со писмено барање, но и тоа беше залудно. На крајот од тоа патешествие јас си ги подигнав документите и се отселив од Студенскиот дом „Гоце Делчев“, бидејќи едноставно, не се може да се натпреваруваш со државата и административците кои земаат плата, од нас, од Студентите, кои го полниме буџетот на РМ а немаме никакви права. Плаќаме студенски парламент, кој треба да биде на страната на студентите, а не на страната на Власта и да игра како што ќе му свири.“
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете и своја смешна слика или видео и учествувајте во Награданта игра.