Иранската уметница Ширин Абединирад ги истражува проблемите поврзани со полот, сексуалноста и човечката сочувствителност преку нејзините специфични инсталации, изведби и концептуални модни дизајни. Во нејзините последни дела „Спомнување“ (Иран, 2013) и „Рај на земјата“ (Италија, 2014) таа употребува огледала во градски но и во рурални пустински средини за да го одрази небото, можеби со цел да ја имитира бојата на водата. Абединирад студирала во класата на иранскиот режисер Абас Киаростами и сега времето го минува во Техеран и Фиренца.