Стаорци кои надушуваат бомби би можеле да спасат илјадници луѓе од целиот свет кои страдаат од случајно нагазнување на неексплодираните пеколни направи. АПОПО, белгиска невладина организација која тренирала џиновски африкански стаорци да детектираат нагазни мини, мисли дека сонот на луѓето во организацијата конечно станал јаве.
Дејствувајќи уште од 1997 година, нивните стаорци ефективно пребаруваат 200 метри квадратни за дваесет минути, наспроти 25-те оперативни часови кои им се потребни на луѓето експерти со детектори за мини. Во 2013 година на светско ниво во просек се случиле девет несреќи од овој вид.
За време на извршувањето на нивната должност до сега не загинал ниту еден стаорец. Тоа се должи на тоа што за да експлодира една нагазна мина, потребни се околу пет килограми тежина, додека стаорците не тежат повеќе од 1.5 килограми. Згора на сѐ, ушите на стаорците се мачкаат со крем за сончање за да се спречи да заболат од рак на кожата. Штом некој од стаорците повеќе не сака да работи, или стане премногу стар, се пензионира и му се дозволува да си го одживее остатокот од својот живот на слобода.