Јас сум уметник-фотограф од Дака, Бангладеш. Последните десет месеци ги сликав моите зајчиња кои ги посвоив. Тие не само што се прекрасно друштво, туку се и одлични модели. Последниот пат кога споделив некои од фотографиите со нив на интернет, луѓе од целиот свет кажаа дека многу им се допаѓаат. Тоа многу ме инспирираше и решив да продолжам со мојот проект. Овојпат решив да ги фотографирам овие. Пред еден месец, мојата зајчица Тони доби четири зајчиња. Ова беше толку радосен миг за мене – беше како прославување на нов живот!
Секој нов ден по нивното раѓање е посебен ден за мене. Да ги гледам како растат, како за првпат ги отвараат очите, како мрдаат со нивните мали ножињ…за мене сето тоа е толку посебно и магично! Си реков да ги снимам овие моменти и да ја споделам својата среќа со други луѓе. Бидејќи веќе имав фотографирано зајчиња, овојпат беше полесно, а и бидејќи со мене се уште од нивното раѓање, со мене се многу опуштени. Само ги оставам да си играат и да се однесуваат слатко додека јас чкрапам со фотоапаратот.
Се надевам дека овие фотографиии ќе ги усреќат луѓето и ќе донесат насмевки а нивните лица – и дека ќе направат повеќе да ги сакаат зајците. Зајците се прекрасни животни – тие имаат чувства и страсти исто како и луѓето, и јас го имам почувствувано тоа.