На 23. мај 2015, еден од најголемите математичари на дваесеттиот век го загуби својот живот во сообраќајна несреќа на пат кон дома. Џон Неш ќе биде запомент по неговиот голем придонес во математиката и по неговиот прекрасен ум.
Човекот
Џон Форбс Неш јуниор го започнал своето животно дело на полето на математиката на универзитетот Карнеги Мелон, кадешто дипломирал и магистрирал. Потоа своето школување го продолжил во Принстон, кадешто започнал да работи на математички проблем кој за првпат бил поставен од д-р Џон фон Њуман и Оскар Моргенстерн во нивната книга „Теорија на игрите и економското однесување“.
Теоријата на некооперативните игри
Во 1950 година Неш го објавил решението на проблемот во рамките на неговата докторска теза од дваесет и седум страници. Така се родила „Нешовата рамнотежа“. неверојатно едноставен одговор за сложени ситуации во игра, кој оттогаш се употребува во економиката, општествените науки, законодавството и еволутивната биологија. Во тоа време Џон имал само дваесет и една година.
Риманова геометрија
По неговиот прв значаен труд, Неш заминал да предава на Институтот за технологија на Масачусетс и да работи како советник за корпорацијата РАНД. Неш го проучил и решил геометрискиот проблем на Римановата површина, воспоставувајќи ја својата репутација како математичар кој се осмелува да се зафати на решавањето на тешки математички проблеми. Теоремата која ја развил докажува дека многукратните површини можат да се свиткаат во мали парчиња Евклидов простор.
Алиша, сопругата на Џон
Додека предавал на M.I.T. Џон ја запознал Алиша Лард, која во 1957 г. станала г-ѓа Неш и со неа ќе помине дваесет години во брак. Во тоа време таа била студент по физика на институтот, при што тогаш имало само шеснаесет жени запишани во нејзиниот клас. По двегодипно забавување со повеќе раскинувања, тие се венчале со католичка церемонија и покрај тоа што Неш бил убеден атеист. Две години подоцна се родил нивниот син Џон.
Параноја
По раѓањето на нивниот син, менталното здравје на Неш почнало да се влошува. Во април 1959 година тој бил примен во болницата Меклин поради чувство на параноја. Неколку месеци пред тоа, Неш одржал збркано предавање на неговата теорија за Римановата геометрија со кое се видело дека неговиот ум е заматен. Брилијантниот математичар исто така врувал дека мажите кои носеле црвени вратоврски се во заговор против него, па дури и праќал писма во Вашингтон предупредувајќи ги за комунистичка завера.
Халуцинации
Оттогаш почнале да се јавуваат и халуцинации и илузии. Следувале повеќе хоспитализации и на крајот Џон го напуштил својот професионален живот за да се справи со неговата болест. Иако за време на болеста Алиша останала цврст столб на подршка, во 1963 двојката се разделила. Неш подоцна неговите илузии ги поврзал со таквите типични за шизофренија и се присетувал дека чувствувал притисок да се чувствува важен во неговиот живот и работа. На крајот сепак успеал да го добие признанието кое толку многу го посакувал.
Нобелова награда
Во 1994, Нобеловиот комитет му ја доделил Нобеловата награда за неговата теорија за игрите, поставена многу години порано. Додека да се додели наградата, Неш се повратил од неговата ментална болест и воспоставил контакт со повеќе научници кои можеле да гарантираат дека ездрав. Сепак, некои и понатаму го доведувале во прашање решението да се додели оваа награда на човек кој претходно бил толку болен.
Прекрасен ум
Неговиот живот и менталните проблеми биле тема во филмот „Прекрасен ум“ од 2001, во кој игра Расел Кроу. Иако добитникот на Оскар од Неш направи културна икона и надвор од математичките кругови, сепак филмот погрешно го прикажува неговото оздравување. За разлика од филмот, Неш своето оздравување го опишува како процес без никаква употреба на психотропни лекарства, бидејќи нивната употреба ја сметал за преценета. До деведесеттите тој успеал пак да почне да размислува рационално со тоа што „интелектуално ги одбивал“ налудничавите мисли кои му надоаѓале.
Неговата смрт
На 23. мај 2015, Неш и Алиша загинале кога возачот на нивното такси ја загубил контролата иврз возилото и удрил во парапет и во друго возило. Брачниот пар само што се вратил од Норвешка кадешто Неш заедно со математичарот Луис Нирнберг добил уште една награда за животно дело. Неш имал 86 години, а Алиша 82.
Наследството
Научници и почитувачи од целиот свет тажат поради загинувањето на Неш. Неговите дела, особено неговата најрана теорија за игрите дале голем придонес во повеќе полиња на човечкиот интелектуален и општествен живот и тој на широко се смета за еден од најголемите математичари на дваесеттиот век.