Французин, Германец и Македонец се спречкале во Лувр пред сликата „Адам и Ева во рајската градина“.
Германецот:
– Видете какви без совршени, идеално извајани тела – Адам и Ева 100% се Германци.
Французинот се спротиставил:
– Кога гледам колку е убава Ева и колку е прекрасен и фин Адам, значи тие можат да бидат само Французи и ништо друго.
Откако детално ја разгледал сликата, Македонецот пресекол:
– Тие се Македонци! Нели гледате дека се голи и боси, немаат ништо за јадење освен едно јаболко, а пак мислат дека се во рајот.

Сподели на Facebook
пати видено