Еднаш, многу одамна живееше една девојка која имаше многу лош темперамент…
Нејзината мајка и дала кеса полна со шајки и и рекла дека секој пат кога не ќе може да ја контролира својата лутина, да закове една шајка во ѕидот.
Првиот ден девојката морала да закове дури 37 шајки. Во текот на наредните неколку недели девојката учела како да се контролира, бројот на закованите шајки се намалувал од ден на ден. Сфатила дека полесно е да ја контролира лутината отколку да кове шајки во ѕидот.
Конечно, дошол денот кога девојката не се изнервирала ни еднаш во текот на денот! Таа и кажала на својата мајка и мајка и и рекла секој мирен ден да вади по една шајка од ѕидот.
Дошол и денот кога девојката ги извадила сите шајки! Мајката ја зела својата ќерка за рака, ја довела до ѕидот и и рекла:
“Добро, ќерко, но погледни ги дупките кои останаа на ѕидот. Ѕидот никогаш нема да изгледа исто! Кога ќе кажеш нешто во лутина, ги повредуваш другите. Како да забиваш нож во некого а подоа го вадиш надвор. Без разлика колку пати ќе кажеш “Жал ми е”, раната се уште е таму. Да повредиш некого со зборови е полошо отколку да го повредиш физички. Пријателите се нашето богатство и треба да се чува. Тие те тераат да се смееш и кога си тажна, те охрабруваат кога треба да успееш нешто во животот, го позајмуваат своето рамо за плачење, своите уши за слушање и ти го отвораат своето срце.”