Се убедуваме дека животот ќе ни биде подобар кога ќе се венчаме, кога ќе добиеме дете, а потоа и друго дете. Тогаш сме
фрустрирани бидејќи децата не се доволно големи и ќе бидеме задоволни кога ќе пораснат. Потоа ние сме фрустрирани бидејќи
децата се во пубертет. Си велиме дека ќе бидеме среќни кога ќе излезат од тој период. Потоа си велиме дека сигурно
ќе бидеме среќни кога на брачниот другар ќе му дојде паметот, кога ќе купи поубав автомобил, кога ќе сме во состојба
да одиме на одмор и конецно кога ќе се пензионираме.
Вистината е дека Нема подобро време од ова сега за да се биде среќен.
Ако не сега, кога?
Твојот живот секогаш ќе биде полн со тешкотии.
Најдобро е да си признаеш себе си и да одлучиш да бидеш среќен во секој случај.
Среќата е вистинскиот пат.
Затоа, задржи го секој момент кој го имаш и чувај го уште повеќе бидејќи си го делел со некој посебен, доволно посебен за да
поминете време заедно… и запомни дека времето не чека никого.
Затоа, престани да чекаш…
Да ја отплатиш колата.
Да купиш нова куќа или автомобил.
Децата да го напиштат домот.
Да се вратиш на факултет.
Да завршиш факултет.
Да ослабиш 10 кг.
Да се поправиш 10 кг.
Да се жениш (мажиш).
Да се разведеш.
Да добиеш деца.
Да одиш во пензија.
Да дојде лето.
Да дојде пролет.
Да дојде зима.
Да дојде есен.
Да умреш.
Нема подобро време од ова сега за да се биде среќен. Среќата е пат, а не цел.
Затоа работи како да не ти требаат пари, сакај како никогаш да не си бил повреден и играј како никој да не те гледа.