Човекот кој потрошил повеќе од 150.000 фунти за да стане човечка верзија на куклата Кен, сека сака да му се имплантираат крилја на грбот. Џастин Џедлика, кој вели дека нема да престане да прави операции сѐ додека не стане „сто проценти пластичен“, веќе направил 191 операција, меѓу кои пет операции на носот, како и операции за зголемување на рамениците и брадата.
Сега 34-годишниот американски актер со потекло од Словачка решил да му се вградат ангелски крилца, преку операција која самиот тој си ја осмислил. Д-р Лиф Роџерс, хирургот кој се нафатил да го оперира, вели: „Причината поради која се нафатив да ја извршам операцијата е поради тоа што сум подготвен да пробам нешто што никогаш порано не било направено.“
Дали навистина е тоа причината, или се просто парите, и дали воопшто е етично вакво нешто, тоа е под голем знак прашалник.
Џастин како природно момче, пред да почне да прави пластични операции