35-годишната Луиз Аспинал, мајка на две деца, наводно прва го бакнала момчето додека се „бореле“ околу мобилен телефон откако останале сами. Тинејџерот решил да молчи за тоа што се случило, но следната недела таа му ја одзела невиноста на нејзиниот брачен кревет. Потоа момчето се опуштало играјќи на Икс бокс, додека таа „изведувала сексуални чинови врз него.“

Набргу во училиштето почнале да се шират гласини, и кога тие допреле до неговата мајка, таа го одвела во полиција, кадешто тој го одрекол тоа, но следниот ден го признал настанот.

291DE63700000578-3099788-image-m-3_1432752689236

„Таа се задеваше. Јас бев на колена кога таа ме турна и падна врз мене и тоа едноставно се случи. Се бакнавме. Јас само се насмеав. Бев шокиран. Потоа, една недела подоцна таа ми раскажуваше како постојано се кара со нејзиниот сопруг и дека повеќе не го сака него, туку ме сака мене. Потоа се качи на вториот кат и ме покани и мене на минута. Јас се качив и скокнав на креветот, не поради таа причина, но само скокнав и легнав. Таа легна до мене и дури не ни знам што точно се случи. Таа ги соблече панталоните, па така и јас ги соблеков своите. Додека си ги облекував панталоните, таа ми кажа `Секако, на ова не кажувај на никого. Можам да си имам проблеми поради ова.“

291DE65A00000578-3099788-image-a-4_1432752704943

Парот потоа имал сексуален однос уште два пати. Запрашан зошто се решил да ѝ каже на полицијата девет месеци откако се случило, тој изјавил: „Мајка ми ми кажа да си помислам како би ми било ако тоа се случило со мојата сестра и нејзиниот учител, и јас тогаш сфатив дека тоа е погрешно.“

Наставничката одрекува дека кога било го бакнала или имала секс со момчето.

Сподели на Facebook
пати видено