Лао Це бил философ и поет од древна Кина (бил роден во 571 г.пр.н.е. и живеел за време на династијата Жу). Тој е наводниот автор на Тао Те Чинг и основач на филососкиот таоизам, но е обожуван и како божество во религиозниот таозам и традиционалните кинески религии.

Како централна фигура во кинеската култура, императорите од династијата Танг како и современите луѓе со презиме Ли го сметаат за основач на нивната лоза. Низ историјата, неговото дело било прифатено од најразлични антиавторитарни движења.

LAO-TZÉ-1

1. Да се биде длабоко сакан од некого ви дава сила, додека сакањето некого ви дава храброст.

2. Едноставност, трпение, сочувствителност.
Ова се трите најголеми богатства.
Едноставни во дејствата и мислите, се враќате кон изворот на битисувањето.
Стрпливи и со пријателите и со непријателите,
се согласувате со нештата такви какви што се.
Сочувствителни кон себе,
се помирувате со сите суштества во светот. (Тао Те Чинг)

3. Патувањето од илјадници километри почнува со еден чекор.

4. Спознавањето на другите е интелигенција; спознавањето на себеси е мудрост. Совладувањето на другите е сила; совладувњето на себеси е вистинска моќ. Ако сфатиш дека имаш доволно, тогаш си навистина богат.

5. Добриот патник нема планови и нема намера да пристигне.

6. Животот се серија на природни и спонтани промени. Не противи им се; тоа само создава тага. Остави реалноста да биде реалност. Остави ги нештата да течат природно.

7. Тие што знаат, не зборуваат. Тие што не знаат, зборуваат.

8. Кога си задоволен од тоа да бидеш тоа што си и не се споредуваш ниту натпреваруваш, секој ќе те почитува.

9. Кога ќе се простам со тоа што сум, станувам тоа што би можел да бидам.

10. Вистината не секогаш е прекрасна, ниту прекрасното секогаш ја изразува вистината.

11. Најдобриот борец никогаш не е гневен.

12. Времето е измислено нешто. Да кажеш „немам време“ е исто како да кажеш „не сакам.“

13. Кога некој верува во себеси, не се обидува да ги убеди другите. Кога некој е задоволен со себеси, не му треба туѓо одобрување. Кога некој се прифаќа себеси, целиот свет го прифаќа.

14. Човекот со површна храброст не се плаши да умре. Човекот со длабока храброст не се плаши да живее.

15. Грижи се за тоа што другите ќе мислат и секогаш ќе бидеш нивен затвореник.

16. Внимавај со што ги полеваш своите сништа. Ако ги полеваш со грижа и страв, ќе произведеш плевел кој ќе го задуши животот од твоите сништа. Ако ги полеваш со оптимизам и решенија, тогаш го негуваш патот кон успехот. Секогаш барај начин како проблемот да го претвориш во можност за успех. Секогаш барај начин како да го негуваш својот сон.

17. Биди задоволен со тоа што го имаш;
радувај се на нештата такви какви што се.
Кога ќе увидиш дека ништо не недостасува,
целиот свет ти припаѓа.

18. Природата не брза, а сепак сѐ постигнува.

19. Во средиштето на твоето битие
ти го имаш одговорот;
знаеш кој си ти
и знаеш што ти сакаш.

20. Тишината е извор на голема сила..

21. Престани да мислиш и стави им крај на твоите проблеми.

22. Ако ги разбираш другите, тогаш си умен.
Ако се разбираш себеси, тогаш си просветлен.
Ако ги совладуваш другите, тогаш си моќен.
Ако се совладуваш себеси, тогаш имаш сила.
Ако знаеш како да си задоволен, тогаш си богат.
Ако можеш да дејствуваш енергично, тогаш имаш силна волја.
Ако не ги губиш твоите цели, тогаш си истраен.
Ако умреш без загуба, тогаш си вечен.

23. Љубезноста при зборувањето создава доверба. Љубезноста во размислувањето создава проникливост. Љубезноста во давањето создава љубов.

24. Дали имаш трпение да почекаш додека твојата кал да легне на дното и водата да стане чиста?

25. Манифестирај едноставност.
Прегрни ја едноставноста
Намали ја себичноста
Имај малку желби.

26. Пламенот кој гори двојно посветло гори двојно пократко.

27. Музиката во душата може да биде слушната од целата вселена.

28. Дејствувај без очекувања.

29. Одговарај интелегинтно дури и на неинтелигентното однесување.

30. Снежната гуска не мора да се капе за да биде бела. Така и ти не мора да бидеш ништо друго освен да бидеш тоа што си.

31. Имам три скапоцени нешта кои ги ценам. Првата е нежноста; втората е скромноста; третата е понизноста, којашто ме спречува од тоа да се ставам себеси пред другите. Биди нежен и ќе бидеш храбар; биди скромен и ќе бидеш слободоумен; избегнувај да се ставаш себеси пред другите и ќе бидеш нивниот предводник.

32. За да се здобиеш со знаење, секој ден додавај по нешто. За да се здобиеш со мудрост, секој ден одземај по нешто.

Сподели на Facebook
пати видено