Откако го преживеала ужасниот напад од страна на ловокрадците кои ѝ ги отсекле роговите, оваа јужноафриканска женка носорог го добила името Надеж. Четиригодишната женка била оставена со огромна рана по преживеаниот напад во Ломбардини, резерват во јужноафриканската провинција Источен Кејп. Неколку дена по нападот, чуварите го нашле повредениот дебелокожец едвај жив, со рана од цели 50 сантиметри. Хирурзите кои го оперирале минатиот викенд од раната извадиле ларви и мртво ткиво. Д-р Џерард Стинкамп од Универзитетот на Преторија изјавил:

„Ако успееме да ја спасиме Надеж, така што таа ќе може да се врати и да се размножува, тогаш таа ќе успее да го даде својот придонес во преживувањето на овој животински вид.“

rh-1

Властите веруваат дека ловокрадците ја успале Надеж со стреличка, и потоа ѝ ги отсекле роговите додека таа била успиена. Бруталниот потфат ја оставил со скршена носна коска, како последица на што дел од неа морал да се извади, што ги изложило нејзините синусни шуплини и носните патишта. Таа сега е пренесена во друг резербат и ветеринарите веруваат дека ќе треба да помине барем една година подложена на најразлични третмани пред раната целосно да ѝ заздрави. Побарувачката по рогови од носорок расте во азиските растечки економии, особено во Кина, кадешто се употребува како традиционален лек за најразлични болести, иако не постои цврст доказ за наводните исцелителни особини на роговите.

rh-2

Кој е најмногу за осуда во целиот овој синџир за трговија со коски од големите животни како носорозите и слоновите? Самите ловокрадци секако имаат свој удел во одговорноста, но тие луѓе не би се занимавале со таа професија доколку нема побарувачка на пазарот. Навистина е за чудење фактот дека некои луѓе не можат да разберат дека немаме право да уништуваме цели животински видови поради престиж, каприц и суета.

Сподели на Facebook
пати видено