Еден 92 годишен старец секое утро се шетал во чиста облека, со модерна фризура, совршено избричен. Неговата 70 годишна жена неодамна починала и затоа одлучил да се пресели во домот за старци…
После неколку часа трпеливо чекање во ходникот на домот, пријатно се насмевнал кога му кажале дека собата му е подготвена. Додека одел кон лифтот, човекот од персоналот му опишал како изгледа неговата соба.
„Ми се допаѓа“, му рекол старецот со ентузијазам и без да ја види собата.
„Господине вие сеуште не сте во својата соба, почекајте уште малку“ рекло лицето вработено во домот.
„Тоа нема никаква врска со ова“, одговорил старецот, додавајќи:
„Среќата е нешто, за што одлучувате однапред. Дали ќе ми се допадне собата или не, не зависи од тоа како е распореден мебелот, туку како јас ќе ги распоредам своите мисли… Веќе одлучив дека ми се допаѓа. Тоа е одлука која ја носам секое утро кога ќе се разбудам. Јас имам избор: можам да го поминам денот лежејќи во кревет и броејќи ги тешкотиите кои ги имам во деловите од телото кои веќе не ми функционираат или да станам од кревет среќен поради оние делови од моето тело кои сеуште функционираат. Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени. Староста е како банкарска сметка. Со неа го подигнувате она што сте го вложиле. Мој совет до вас е да вложувате многу среќа во банката на спомените“.