Слоновите си ги сакаат нивните семејства исто како и ние. Овие прекрасни фотографии на Волф Аемеит ја прикажуваат прекрасната љубов на слоновите. Тие се нежни и емоционални џинови, кои се радуваат на новороденчињата, ја тажат смртта и си играат со радост и интелегенција, додека скитаат слободно во нивната пространа татковина.
Како може некој да помисли да ги убива овие прекрасни суштества само поради нивните коски од кои потоа ќе прави – украс?!
Волф љубезно дозволил овие фотографии да се искористат за собирање на средства за радио ремени со кои ќе се лоцираат и заштитат последните 200 слонови на Вирунга од рацете на ловокрадците.