Еден професор по философија пред да започне часот ставил некои предмети на катедрата. Кога започнал часот, тој без ниеден збор зел една голема и празна тегла од мајонез и почнал да ја полни со камења со дијаметар од околу пет сантиметри.
Потоа ги прашал студентите дали теглата е полна. Тие кажале дека е полна. Зел една кутија со помали камчиња и ги сипал во теглата, по што ја протресол. Камчињата се разбира се стркалале во празниот простор помеѓу поголемите камења. Ги прашал студентите дали теглата е полна, тие се согласиле дека е полна. Професорот зел кутија со песок и ја сипал во теглата. Песокот исполнил се што останало. Ги прашал студентите дали теглата е полна, на што тие одговориле потврдно.
„Е сега“, кажал професорот “Сакам да разберете дека оваа тегла го претставува вашиот живот. Камењата се важните нешта – вашето семејство, вашиот партнер, вашето здравје, вашите деца – нешта коишто дури ако и се друго исчезне од вашиот живот, тие сепак ќе го прават вашиот живот да биде исполнет.
Камчињата се другите нешта коишто имаат некакво значење – како вашата работа, вашата куќа, вашиот автомобил. Песокот е се друго – малите нешта. Ако првин го ставите песокот внатре, ќе немаместо ниту за камчињата, ниту за камењата. Истото важи и за вашиот живот. Ако го трошите вашето време и енергија на мали неважни нешта, никогаш нема да имате простор и време за нештата коишто навистина се важни за вас. Обрнувајте внимание за нештата коишто се од вистинско значење за вашата среќа. Играјте си со вашите деца, излезете со вашиот партнер на забава. Секогаш ќе има време да појдете на работа, да ја исчистите куќата, да организирате деловна вечера или пак да поправите нешто.
Првин погрижете се за камењата – нештата што се навистина важни. Поставете си ги приоритетите. Останатото е само песок.