Во текот на изминатите неколку години се објавени повеќе научни статии за социјалната фобија и начинот на кој таа ги погодува емоционалната интелегенција, способноста за сочувствителност и нивото на интелегенција, што и не е за изненадување ако се земе предвид тоа што анксиозните луѓе постојано ја анализираат нивната околина, луѓето кои ги опкружуваат, постојано навраќајќи се на секојдневните ситуации.
Во текот на неодамнешно истражување во врска со вербалната интелегенција, се открило дека кога луѓето кои страдаат од социјална фобија учествуваат во психолошки тестови, нивните резултати биле повисоки од резултатите на луѓето кои не страдаат од ова нарушување. Сличмо на тоа, луѓето кои страдале од општа анксиозност и депресија исто така имале подобри резултати во вербално-лингвистичките тестови, за разлика од луѓето кои немаат вакви проблеми.
Друго истражување спроведено од Државниот медицински центар од Њујорк покажало дека тие учесници кои страдаат од анксиозност забележале подобри резултати во тестовите за интелегенција, како и тестирањата за способност за сочувствување.
Кога ќе се земат предвид овие истражувања и резултати, се прашуваме зошто ова е така? Бидејќи овие луѓе постојано ги процесираат информациите кои ги примаат од остатокот од светот и постојано ги преиспитуваат, забележувајќи ги неправилностите во светот. Тие активно ги гледаат опасностите околу нив коишто другите можеби не ги забележуваат, барем не веднаш, и за ова да се случи, мозокот мора да биде доволно интелегентен за да може да ги спроведе овие операции. Високото ниво на анксиозност, т.е. вознемиреност, може да биде парализирачко, но со тоа доаѓа и огромна способност за дејствување во определени ситуации и тоа што може да се припише на негативна емоција, всушност може да е резултат на повисоко ниво на интелегенција.
Луѓето кои се способни на високо ниво на сочувствителност можат интуитивно да предвидуваат ситуации, што може да биде и предност.