„Два и два“ е краток филм со сценарио и режија на Бабак Анвараи. Филмот го прикажува обидот на авторитетите да ја загушат слободната и логична мисла на младите, директно и брутално убедувајќи ги дека 2+2=5. Сепак, секогаш се јавуваат слободни духови кои и по цена на својот живот извикуваат „Царот е гол!“. Луѓе кои ќе изнајдат најразлични начини за да се каже вистината.
Филмот „Два и два“ беше номиниран за наградата Најдобар краток филм од страна на Британската филмска академија.
Улоги:
Бијан Данешманд – учителот
Рави Карими – првиот ученик
Пујан Лоти – вториот ученик