Едно момче се спремало за доделување на дипломата. Бидејќи со месеци им се воодушевувал на спортските автомобили кои стоеле на излозите во авто салоните, а и знаел дека татко му може да си дозволи таков подарок, па затоа и му кажал дека автомобил е се што сака како подарок за дипломирањето.
Како што се наближувал денот, така момчето се повеќе очекувало да открие некој знак за купувуање на автомобилот. Конечно, дошол денот за доделување на дипломите. Татко му го повикал во својата работна соба. Му рекол дека е горд на него, и дека е среќен што му е син и дека многу го сака. Таткото му му предал убаво спакуван, но мал пакет.
Помалку разочарано, но сепак љубопитно дечкото го примил пакетот и почнал да го отпакува. Пред него се појавила книга со преубав кожен превез. Бесен, и со повишен тон синот му рекол на татко му:
“Лежиш на пари, а ми купи само една обична книга!!!“ По тие три зборови, момчето ја фрлило книгата, истрчало надвор, и уште истиот ден побегнало од дома.
Поминале многу години. Во меѓувреме, синот пораснал во доста успешен деловен човек. Имал прекрасно семејство и убава куќа. Но секој ден станувал се посвесен на фактот дека сега татко му е прилично стар и дека можеби би требало да оди да го посети. Пред да ја оствари својата намера, му стигнала телеграма, со која го известуваат дека татко му починал и дека целото наследство му го оставил нему.
Требало итно да дојде и да ги среди сите потребни документи во врска со препишувањето на куќата и имотот од својот татко на свое име.
Приближувајќи се до куќата, се повеќе го обземала тага и грижа на совеста. Во татковата работна просторија се потсетил на нивниот последен разговор… и средувајќи ги така документите, погледот му паднал на книгата со кожен превез која стоела на она место на кое тој ја фрлил оној ден кога дипломирал.
Со солзи во очите почнал да ги листа страниците на книгата, застанувајќи на некои страници.
Во тој момент, испаднал клуч од пликот кој бил прилепен за задната корица од книгата. Тој го подигнал клучот за кој бил закачена картичка од автосалонот.
На картичката стоело името на автосалонот, типот на автомобилот и датумот на продажбата потврден со печат. Тоа бил датумот на неговото доделување на дипломата.
Заклучок: Почитувајте ги своите најблиски. Не избрзувајте со заклучоците. За работите не треба да се суди само според нивниот надворешен изглед.