Овие места биле искористени за да се снимат едни од најпопуларните хорор филмови, а и ден денес изгледаат доста морничаво.

Островот Амити

hr01

Дејствието на „Ајкула“ се случува во водита околу островот Амити, како што знаат сите, но ова што го гледате на сликата е „Виноградот на Марта“. Ова одмаралиште сѐ уште изгледа како совршена сценографија за филм, исто како и во 1974, кога бил снимен „Ајкула“.

Морничавиот стан во Менхетн

hr02

Розмари во филмот „Бебето на Розмари“ тргнала да бара стан во морничавата зграда во готски стил во Њујорк. Самата зграда се прикажува во воведната сцена. Таа е наречена Дакота, и е една од најексклузивните згради во Њујорк. Џон Ленон живеел во неа, а пред неа бил и застрелан во 1980 година. „Бебето на Розмари“ бил снимен во 1968.

Градот на живите мртовци

hr03

Тие доаѓаат по тебе. Ниедно патешествие по вистинските локации на познатите хорор филмови не може да биде целосна без посетата на Еванс Сити, Пенсилванија, а уште поточно, неговите градски гробишта. Овде била снимена воведната сцена на „Ноќта на живите мртовци“.

Шумата во „Вештерката од Блер“

hr04

Се разбира, Државниот парк Сенека Крик изгледа невино…додека да дознаете дека тука бил снимен филмот „Проект: Бештерката од Блер“. Паркот послужил како шумата Блек Хилс кадешто вештерката ги сторила сите тие зла. Ноќе и не изгледат толку невино.

Куќа на ужасот

hr05

Во врска со приказната зад филмот „Ужасот во Амитивил“ се шират многу митови, но едно е сосема сигурно: куќата која се гледа во филмот навистина постои. Има пет спални соби и три бањи, и била изградена во 1927 година. Во 2010 година била купена од нови станари и сега служи како приватно живеалиште.

Хотелот на Стивен Кинг

hr06

Ова е историскиот Хотел Стенли, прекрасно место за да поминете ноќ во Колорадо. Царот и царицата на Јапонија и Теодор Рузвелт се на листата на славните луѓе кои престојувале тука. Друга славна личност која отседнала тука, и која била многу инспирирана од пространиот хотел во Колорадо бил – Стивен Кинг. Овде авторот ја добил идејата за „Сјаење“. Во било која од собите да престојувате, филмот „Сјаење“ ќе можете да го гледате на каналот бр. 42, кој постојано се прикажува.

Езерото кадешто се удавил Џејсон Вурхиз

hr07

Можеби би сакале да го посетите кампот Нобибоско. Ова е вистинскиот камп кој послужил како Кампот на Кристалното езеро за филмот „Петок 13-ти“. Всушност, ова е совршен, пријатен камп во Хардвик Тауншип, Њу Џерси. Бараките се исти како на филмот. Вистинското име на Кристал Лејк е Сенд Понд, и во основа излгеда исто како во филмот од 1979 година. Кампот е во употреба уште од 1927 година.

Страшниот кафе бар

hr08

Освен ако не сте љубител на хорор филмови, никогаш не би помислиле дека ова прекрасно историско место видело толку многу крв и ужас во 1973. Било употребено како морничавата куќа во „Тексашки масакр со моторна пила“. Денес ова е Гранд Централ Кафе́.

Сенишна куќа

hr09

Иако ентериерните сцени биле снимени во студио, за екстериерот на семејната куќа во „Полтергејст“ послужила вистинска куќа во Калифорнија. Се наоѓа на улицата Роксбери во Сими Вели, и сѐ уште е совршено зачувана.

Куќата од „Кошмарот во улицата на брестовите“

hr10

Ова е куќата прикажана во „Кошмарот во улицата на брестовите“, но не се наоѓа на таа улица, туку на авенијата Џенеси во Лос Анџелес, и не е филмска локација, туку е приватен дом. Имотот во 2013 бил продаден за 2.1 милиони долари после скапото реновирање кое го претворило во ултра-современ калифорниски дом.

Сподели на Facebook
пати видено